Search

Интер против Атлетико Мадрид ќе излезе на терен со црни ленти

Фудбалерите на италијанскиот фудбалски калчолигаш Интер на вечерашниот (21 ч.) натпревар од Лигата на шампионите против шпанскиот Ателтико Мадрид ќе излезат на теренот со црни ленти. Причина за тоа е трагичната вест за смртта на својот поранешниот фудбалер, германскиот интернационалец и репрезентативец на „панцерите“ Андреас Бреме кој почина на 63 годишна возраст. Неговата партнерка Сузан Шефер изјави дека Бреме починал ненадејно и неочекувано, ноќеска од срцев удар. Бреме во својата играчка кариерата настапуваше за Баерн Минхен, Кајзерслаутерн, Интер и Сарагоса. Со италијанскиот тим стана шампион на Серија „А“ и го освои Купот на УЕФА.

Треба да знаете
Последни објави