Search

За еден ден „уловени“ 815 брзи возачи

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 815 возачи. Од нив 52 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 13 возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 397 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 418 надвор од населено место. 

Треба да знаете
Последни објави