Search

Фото: Дали Чучер Сандево ги има најубавите спортски игралишта во државата?

Градоначалникот на општина Чучер Сандево Сашко Комненовиќ, заедно со директорот на Агенција за млади и спорт, Наумче Мојсоски го посети новоизграденото спортско игралиште во оваа општина.

„На 4.635 метри квадратни изградивме и реконструиравме шест игралишта за што се потрошија, над 23,5 милиони денари. Направиве две нови игралишта, едно фудбалско во најголемото основно училиште „Александар Урдаревски“ и едно за кошарка во населено место Сандево и уште едно во Чучер, за кое финансиските средства ги имаме добиено од Агенција за млади и спорт. Во Глуво, Кучевиште и Побожје, ги реконструиравме постоечките спортски терени, а за младите во општината го градиме и партизанскиот дом за култура“ изјави градоначалникот Комненовиќ.

Изградените и реконструирани игралишта во Чучер Сандево се градени по најсовремени стандарди и по изглед и по квалитет, како да отскокнуваат од другите игралишта што се градат низ другите општини.

Таквиот став го дели и директорот на АМС, Мојсовски.

„Се наоѓаме на ова спортско игралиште, кое за мене е едно од најдобрите во целата наша држава. Како Агенција за млади и спорт имаме соработка на високо ниво со општина Чучер Сандево и таа ќе продолжи и во иднина“ рече Мојсовски.

Градоначалникот Комненовиќ за оваа, 2024 година, најави изградба и реконструкција на уште три игралишта, а како изгледаат новите игралишта во општината погледнете тука

Треба да знаете
Последни објави