Search

Русија ги покани палестинските фракции во Москва

Палестинскиот премиер Мохамед Штајех изјави дека Русија ги поканила сите палестински фракции, вклучително и Хамас, на состанок во Москва.

Штајех е член на официјалната палестинска управа (ПА), која владее со Западниот Брег и е ривал на Хамас, која владее со Газа и која многу земји ја сметаат за терористичка организација.

„Русија ги покани сите палестински фракции на состанок на 26 февруари во Москва. Ќе видиме дали Хамас е подготвен да се сретне со нас“, рече Штаје на безбедносната конференција во Минхен.

„Ние сме подготвени. Ако Хамас не е, тоа е друга приказна. Ни треба палестинско единство“, посочи тој.

Преговорите за хуманитарно примирје и ослободување на заложниците, кои се водеа со посредство на Катра, завршија без резултати во вторникот.

Треба да знаете
Последни објави