Search

На престижната Минхенска безбедносна конференција се судрија песимизот и оптимизмот за перпективните на Украина

Само ден пред почетокот на овој престижен собри во Минхен , Путин пред вратите на конферецијата го испорача мртвото тело на опозицискиот лидер Навални а Трам истапи со изјави кои ги обесхрабруваат надержите дека најголемата воена сила ќе и помогне на Украина и згора на тоа ја охрабри Русија да ја продолжи воената агресија вон границите на Украина со ставот дека нема намера како потенцијален претседатерл на САД да ги брани помалите земји членки на НАТО . Конгресот чие републиканско мнозинство е под контола на Трамп одбива да го одобри големиот пакет воена помош за Украина која во овој момент и е повеќе од неопходна.

Дополнително Украина загуби уште еден источен град од Русите по две години борби.

Сево ова создаде атмосфера на песимизам меѓу добар дел од учесниците на Минхенската конференција. Па сепак како реакција на овој песимизам гласно истапија оние кои сметаат дека не е време за очајување туку за конкретна акција која ќе и донесе победа на Украина.

Прашан дали е оптимист или песимит , првиот човек на Воениот комитет на НАТО, Адмирал Роб Бауер гласно извика – Не сум!-

Песимистите ги губат војните. Дали е тешко за Украина? Да. Да прашавте во 1942 година во Европа: „Како оди војната?“ Мислам дека немаше многу луѓе кои беа преоптимисти. Ние сепак победивме“, изјави Бауер.

Присутната атмосефа на  на пропаст и мрак го потикна и другите ученици на конферецијата да се спротиставата на дефетизмот.

Не ја прифаќам целата атмосфера на  пропаст и мрак“, изјави Џулијан Смит, американска амбасадорка во НАТО, . „Погледнете што постигнаа Украинците во последните две години“, додаде таа, посочувајќи на работи како што е спарување на врвна технологија за беспилотни летала со стара советска воена опрема. „Погледнете што направи колективот на сојузници и партнери за поддршка на Украина во изминатите две години. Ова ги вклучува не само членките на НАТО и Европската унија, туку и земји како Јужна Кореја и Јапонија, изјави Смит.

Холандскиот премиер Марк Руте за време на неговиот наџстап на Конференцијата изјави дека  нема простор за кукање и солзи. – Кој и да е во Вашинготн главен ние ќе работиме со негоалудирајќи на престојните претседателски избори во САД „И сето тоа кукање и офкање за Трамп – го слушав тоа постојано во последните неколку дена, ајде да престанеме да го правиме тоа“, рече Руте.

Во настаппите на високи воени претсавници се слушна и пооптимистички визии.

Русија го завзеде украинскиот град Авдиивка, но со огромна цена на животи и муниција за град кој нема вистинско стратешко значење.

„Воено, тоа не е голема загуба“, рече  Адмирал Бауер, претседател на комитетот на НАТО. „Тие ја уништија целата инфраструктура. Значи немаат град-

Според дел од излагачите во Минхен  обемот на руските загуби во војната е навистина запрепастувачки. Две години подоцна, Кремљ сè уште се бори да ја трансформира земјата во воена економија, а тие загуби ќе биде тешко да се надоместат. Русија претрпе околу 315.000 жртви – што претставува 87 отсто од нејзините предвоени трупи, според декласифицираното американско разузнавање изгубени се 2.200 од  вкупно 3.500 тенкови кои ги имаше Русија пред војната како  4.400 од нејзините 13.600 пешадиски борбени возила и оклопни транспортери. Во меѓувреме, Украина успеа да наутрализира  една третина од некогаш засташувачката  руска Црноморска флота.

Сепак, украинскиот претседател Володимир Зеленски на конференцијата во саботата предупреди дека „вештачкиот дефицит“ на оружје алудирајќи на американската воена помош која е згалавена вбо Конгресот   и овозможи на Русија да ја преземе Авдиивка.

Тоа што Украина ги држи руските сили подалеку соочени со овие предизвици – и фактот дека сите со кои разговаравме предвидуваат дека линиите на фронтот ќе останат релативно статични во наредните месеци – е заслуга и за цврстината и одлучноста на украинските вооружени сили. и лошата тактика на бојното поле на Русија и потпирање на лошо обучени војници, велат воените аналитичари.

Во меѓувреме, секое лошо за добро. По изјавбата на Трамп се случува динамична мобилизација на Еврипејците кои делуваат подготвени да го консолидираат безбедносниот систем на контининетот без разлика кој раководи со Белата Куќа. Веќе извесно дека во новиот сострав на Европската комисија во септември годинава за првпат ќе биде вопсоставена фнкцијата , комесар за одбрана и безбедност.

Изгледите Конгресот да не ја одобри помошта за Украина и изјавите на Трамп исто така ги забрза подготовките за испорака на оружје од европските држави кон Украина.

На Украина и НАТО не им е лесно но да завршиме со изјавата на Адмиралот Бауер.

„Рускиот претседател Владимир Путин сè уште не треба да пука шишиња шампањ. „Да се ​​потсетиме дека имаме 724 дена од тридневната војна на Русија“, рече Бауер.

Извор: Либертас

Треба да знаете
Последни објави