Алкараз во Буенос Аирес елиминиран во полуфиналето

Ништо од одбраната на титулата во Буенос Аирес – вториот тенисер во светот, Шпанецот Карлос Алкараз, испадна во полуфиналето, а подобар од него беше Чилеанецот Николас Џари со 7:6. 6:3.

Џари во финалето ќе игра против Аргентинецот Факундо Дијаз Акоста, кој претходно со 6:2, 6:3 го совлада сонародникот Федерико Корија.

-Овој пораз многу ме боли, одиграв многу под моето вистинско ниво. Треба подобро да ја читам играта – тоа ми беше проблем некое време, да бидам подобар во важните моменти. Мојата концентрација не е подобрена во однос на 2023. Сепак, годината е долга, има уште време за подобрување – изјави Алкарас.

Џари ќе се бори за четвртата титула, а Алкараса првпат победи во третиот обид, со исклучително агресивна игра.

-Трета среќа, Карлос е еден од најдобрите играчи во светот, оваа победа ми значи многу, по големата борба со Ечевери пред некој ден. И ова беше физички многу тежок натпревар – изјави Џари.

Треба да знаете
Последни објави