Search

Спиењето го штити срцето

Средовечните жени кои спијат помалку од пет часа секоја вечер, драматично го зголемуваат ризикот од кардиоваскуларни болести, според една голема нова студија објавена во списанието на Американското здружение за срце.

Истражувачите од Универзитетот во Питсбург 22 години следеле речиси 3.000 жени, на возраст од 42 до 52 години, запишувајќи ги нивните навики за спиење и здравјето на срцето.

Повеќето жени (55 проценти) рекле дека спијат околу шест часа и 30 минути секоја вечер, но 14 проценти рекле дека редовно спијат помалку од пет часа.

Студијата покажа дека жените кои спијат помалку од пет часа во просек имаат 72 отсто поголеми шанси да страдаат од мозочен удар, срцев удар, срцева слабост и коронарна артериска болест отколку оние кои спиеле повеќе од шест часа секоја вечер.

Влијанието врз здравјето беше уште полошо за жените кои се бореа со симптоми на несоница повеќе од три пати неделно и спиеја помалку од во просек пет часа навечер.

Откриено е дека овие жени имаат 75 отсто поголеми шанси да развијат срцеви заболувања.

Експертите сугерираат дека врската помеѓу спиењето и срцевите заболувања може да се должи на фактот дека недоволното спиење може да го зголеми крвниот притисок и да предизвика отпорност на инсулин, што го зголемува ризикот од оштетување на крвните садови.

Недостатокот на правилен сон, исто така, го зголеми ризикот од дебелина кај жените – што придонесува за кардиоваскуларни проблеми, пишува Њујорк пост.

Треба да знаете
Последни објави