Search

[Видео] Мицкоски прво кроел мнозинство во куќата на Таравари, а потоа го обвини за корупција за истата куќа

„Го чувствувам како пријател. Имам навистина прекрасен однос со господинот Таравари“, рече во интервјуто за ТВ 21 лидерот на ВМР)-ДПМНЕ Мицкоски.

Тој или заборавил или не сака да се сети дека првенците на неговата партија го нарекуваат Арбен Таравари за „неспособен“ и за „најголемата болест за македонското здравство“.

Истите тие првенци на ВМРО-ДПМНЕ најавуваа дека ќе поразат и делегитимираат Таравари на локалните избори, за малку подоцна нивниот шеф Мицкоски да ја слави неговата победа во Гостивар.

И тоа не сѐ! И во 2023 година кога ВМРО-ДПМНЕ на секој начин настојуваше да го поткопа мнозинството во Собранието, опозицијата повторно го зеде на нишан Таравари кога го обвини за да остане во владеачката коалиција се испазарил за куќа во скопско Тафталиџе.

„И за нашите доскорешни коалициони партнери од Алијанса. Мислев дека сте свои луѓе. Мислев дека ве интересира правда во Македонија, мислев дека сте луѓе со достоинство. Мене лично ме разочаравте. Политиката може се да прави но едно да зборуваш а потоа да го свртиш листот само затоа што некој сака куќа во Тафталиџе, мене би ми било срам“, говореше тогаш од собраниската говорница пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Иванка Василевска.

И одговори Халил Снопче од Алијанса за Албанците, кој рече дека „таа куќа не е од сега, во неа Мицкоски дојде да преговара ново мнозинство“.

„Спомнувате куќа на доктор Таравари. Само да ве потсетам во 2021 година во таа куќа господинот Христијан Мицкоски го кроеше новото мнозинство заедно со Таравари и заедно со пратениците кои што седат. Во таа куќа, во таа куќа Христијан Мицкоски…..има пратениците што се сведоци тука што знаат што седат денес.. “, порача Халил Снопче.

Овие записи само потврдуваат дека за Христијан Мицкоски не е никаков проблем да рече, па потоа и да порекне. Некогаш Таравари беше „неспособен и „болест“, а денеска, кога се бара решение за да се формира сојуз со некоја партија на Албанците за да може, евентуално, да формира влада после изборите, истиот тој Таравари, кој го обвинуваа за корупција и на кој му се закануваа со пораз, денеска на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, го чувствува како пријател и има навистина прекрасен однос со него.

Извор: Рацин.мк

Треба да знаете
Последни објави