Search

Се урна ѕид на градилиште на трговски центар во Фиренца: Има мртви и исчезнати

Тројца работници загинаа, тројца се повредени, а по двајца се уште се трага откако во петокот нешто пред 9 часот во предградието на Фиренца се урна дел од трговски центар во изградба. Очигледно се урнал еден потпорен ѕид.

Гувернерот на италијанската област Тоскана, Еугенио Џани изјави дека во несреќата настрадале осум лица, од кои двајца се пренесени во болница. Според АНСА, повредените работници не се животно загрозени.

Ла Република пишува дека од урнатините биле извлечени тројца работници на возраст од 37, 48 и 51 година. Сите тројца, романски државјани, се повредени, а еден е на интензивна нега. На местото на несреќата има и спасувачи со кучиња. Потрагата е отежната поради големото количество армиран бетон што треба да се расчисти за да се дојде до настраданите.

Италијанската премиерка Џорџија Мелони објави се на социјалните мрежи.
„Во мое лично име и во име на целата италијанска влада, изразувам жалење за жртвите кои загинаа во уривањето на градилиштето во Фиренца“, напиша таа и изрази благодарност до припадниците на сите служби кои интервенираа во ова несреќа.

„Нетрпеливо го следам развојот на оваа ситуација. Изразувам сочувство до семејствата на жртвите“, рече Мелони.

Работниците граделе супермаркет за ланецот Еселунга. Претседателката на компанијата Марина Капроти рече дека сите продавници на Еселунга во Фиренца ќе бидат затворени попладнево „во знак на жалост“.

Несреќите на градилиштата се доста чести во Италија, а синдикатите редовно се жалат на несоодветни услови за работа на градилиштата и недостиг на проверки од здравствените и безбедносните власти.

Во Италија, 601 смртен случај на работното место се регистрирани во 2021 година, што е втора најголема бројка во 27-члената Европска унија по Франција, според статистичката агенција на блокот Еуростат.

Треба да знаете
Последни објави