Search

Крилото на Таравари ги поништи одлуките на Села и ја поддржа неговата кандидатура за претседател и коалицијата со ЕСП

Алијансата за Албанците на вечерашниот четврти вонреден Конгрес во Скопје ја усвои кандидатурата на партискиот лидер Арбен Таравари за кандидат на претстојните избори за претседател на Македонија. На Конгресот присуствуваа 421 делегат, што е големо мнозинство од членовите на највисокото партиско тело.

На Конгресот беа поништени одлуките на, како што го нарекоа, нелегитимниот состанок на централното Партиско собрание, одржано на 10 февруари 2024 година, бидејќи имало „бројни статутарни прекршувања, манипулации и фалсификати“, а за кои партијата најави кривично обвинение. Тоа партиско Собрание го одржа крилото на поранешниот партиски лидер Зијадин Села, кој, за разлика од Таравари, не сакаше партијата да коалицира со албанскиот опозициски блок, туку да оди самостојно на претстојните претседателски и парламентарни избори.

Коментирајќи го тој состанок, на кој беше покрената и иницијатива за негово разрешување, Таравари рече дека за да се свика собрание потребни се две третини од делегатите, а Села немал ниту половина од нив. Тој додаде дека партијата ќе води позитивна кампања, а дека за противкандидат најмногу го посакува лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

Треба да знаете
Последни објави