Search

Адел закажа 10 концерти во Минхен: Цените на билетите од 330 до 1.168 евра

Убедена дека нејзиното доаѓање во Европа по долга пауза ќе биде хит, Адел закажала дури 10 концерти во Минхен во август.

Сепак, претерано високата цена на билетите резултираше со тоа продажбата да не оди како што се очекуваше.

Откако ги објави првите четири концерти (2, 3, 9 и 10 август), додаде уште четири (14, 16, 23 и 24 август), а потоа ги изненади сите со закажување на уште два концерти во Минхен (30 и 31 август) .
Поради неа во Минхен ќе биде изградена посебна арена каде што ќе ги изведува сите нејзини концерти, но засега не оди се како што е планирано.

Кога станува збор за Тејлор Свифт, без разлика на цените на поединечните билети, нејзината светска турнеја „Ерас“ се распродаде многу брзо.

Околу 2.000 билети за концертите на Адел се уште не се продадени, а може да се најдат за секој од десетте датуми, а причината е едноставна – цените на билетите се превисоки.

Според британски „Сан“, најевтиниот билет за еден концерт е 330 евра, додека најскапиот, за оние кои сакаат да бидат веднаш до сцената и да ја гледаат Адел од првиот ред, е 1.168 евра.

Очигледно, доколку билетите не се продадат, организаторите ќе размислат за намалување на цената.

Треба да знаете
Последни објави