Во сообраќајка на три автомобили две лица загинале и седумина се повредени

Во сообраќајната несреќа која попладенво се случи на експресниот пат Штип-Кочани, во близина на клучката кај Чешиново. Две лица го изгубија животот, а седумина се повредени. До несреќата дошло кога три возила, „голф“ со кочански регистарски таблици, „цитроен“ со винички и „сеад ибица“ со скопски, се судриле. Според првичните информации двете жртви починале на лице место. Седумте повредени се пренесени во Општата болница во Кочани. Возилата на Итната помош за краток период пристигнале на местото на несреќата во близина во атарот на селото Жиганци и по првичната интервенција, повредените биле згрижени на одделенијата во болницата. – Нашите лекари сè уште ја утврдуваат здравствената состојба и степенот на повредените кај лицата. Дел од нив, кај кои се констатирани посериозни повреди, веќе се препратени за натамошен третман во болниците во Штип и Скопје. За останатите, кои се во стабилна состојба, потребни се дополнителни испитувања, по што ќе биде познато дали ќе останат кај нас, истакна Душанка Горгиева Трпевски, директорка на Општата болница со проширена дејност од Кочани. За време на увидот од страна на истражните органи, сообраќајот се пренасочуваше по стариот пат Штип – Кочани и обратно.

Треба да знаете
Последни објави