Search

Ноќта со лош сон го зголемува ризикот од утрински мигрени

Гласна музика, светли екрани, силни парфеми и силни светла можат да предизвикаат мигрена. Заболените од мигрена знаат дека нема ништо полошо од активирање на причината за нивната интензивна болка.

Сепак, една нова студија сугерира дека кога ќе добиеме мигрена може да ни даде информаии за  нејзините причини.

Новата студија спроведена од истражувачите Таранум Латеф, Дебанган Деј, Ендрју Леру, Лихонг Куи, Мајк Ксијао, Вадим Зипуников и Кетлин Мерикангас покажа дека ноќта со лош сон го зголемува ризикот од утрински мигрени за 22%. Тие тврдат и дека ниската енергија претходниот ден го зголемува ризикот од мигрена за 16 отсто.

Сепак, лошиот сон и слабата енергија не го зголемија ризикот од попладневни главоболки. Наместо тоа, стресниот ден со висока енергија го зголеми ризикот од мигрена подоцна во текот на денот за 17 проценти. Овие наоди сугерираат дека времето на мигрена може да ни помогне да ја идентификуваме нејзината основна причина.

Затоа, важно е да се фокусираме на квалитетен сон, без разлика дали патиме од мигрена или не. За оптимално функционирање на мозокот неопходен е долг и квалитетен ноќен одмор.

Треба да знаете
Последни објави