Search

Вработен во отсек за управни работи на МВР во Демир Хисар вон процедура и надвор од работно време фотографирал граѓани за лични документи!?

24инфо.мк дојде до информации според кои висок полициски службеник во отсекот за управни работи на МВР во Демир Хисар и истовремено активист на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, по работното време, без знаење на претпоставените и надвор од процедурите фотографирал лица за лични документи и патни исправи.

Според информациите што од МВР дојдоа до нас, службеникот бил фатен на дело и бил пријавен во Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди од каде веќе се постапувало. 

Нашата редакција утрово испрати прашање до службите на МВР за потврда или демант на ваквите наводи, но до овој момент се уште немаме добиено одговор.

Треба да знаете
Последни објави