Search

Научниците се убедени: На Европа и се заканува ледено сценарио

За неколку децении, не се знае точно кога, топењето на глечерите би можело да го блокира Голфската струја (системот на струи кои носат топлина на северната хемисфера), пишува „Дејли мејл“. Авторите на оваа студија се од Универзитетот во Утрехт во Холандија и не можеа да прецизираат кога би се случил „колапсот“.

„Се приближуваме до колапс, но не сме сигурни колку сме блиску“, вели водечкиот автор Рене ван Вестен, климатски научник и океанограф од Универзитетот во Утрехт.

Многумина оваа временска неволја ја споредуваат со култниот филм „The Day After Tomorrow“ од 2004 година, во кој човештвото влегува во голема бура која носи ледено доба на планетата. Ван Вестен рече дека е тешко да се предвиди што точно ќе се случи за неколку децении.

– Тоа зависи и од стапката на климатските промени што ги предизвикуваме како човештво – додаде Рене ван Вестен.

Голфската струја е дел од многу поголем систем на струи, официјално наречен „Атлантска меридијална превртена циркулација“ или AMOC. Опишан како „океански подвижна лента“, тој транспортира топла вода во близина на површината на океанот кон север – од тропските предели до северната хемисфера.

Кога топла вода ќе стигне до северниот дел на Атлантикот (околу Европа и Велика Британија и источниот брег на САД), таа ослободува топлина и замрзнува.

Како што се формира овој мраз, солта останува во океанската вода, пренесува „Мондо“.

Треба да знаете
Последни објави