Search

Брнабиќ се сретна со новинарот кој направи интервју со Путин и најави дека ќе дојде и во Србија

Aмериканскиoт новинар Такер Карлсон планира да дојде во Србија кон средината на годината, изјави српската премиерка Ана Брнабиќ, која се сретна со него на Самитот на светските влади во Дубаи. Српската премиерка Ана Брнабиќ, која учествува на Самитот на светските влади во 2024 година во Дубаи, денеска разговараше со Карлсон. „Знае многу за Србија, рече дека планира да дојде во Србија кон средината на оваа година, дека многу го почитува и цени претседателот Александар Вучиќ. Му реков дека со нетрпение чекам да го видам и му честитав на храброста да направи навистина феноменално интервју со претседателот на Руската Федерација“, изјави Брнабиќ за новинарите во Дубаи. Според неа, Карлсон покажал „голема храброст“ бидејќи „луѓето можат да го слушнат она што во принцип не можат да го слушнат“ во „денешниот свет каде што цензурата е сеприсутна“. Самитот во Дубаи наречен „Обликување на идните влади“ собра повеќе од 85 меѓународни и регионални организации, 120 владини делегации. Главните теми се забрзување и трансформација на владите, вештачката интелигенција и нејзините следни граници, развојот и идната економија, идните општества и образованието, одржливоста и новите глобални промени и урбанизацијата и глобалните здравствени проблеми.

Треба да знаете
Последни објави