Search

Меѓу убиените во Атина е и сопственикот на бродската компанија

Вооружен напаѓач на 70-годишна возраст, кој утрово пукаше во вработени во бродска компанија во Атина уби три лица, двајца мажи и една жена. По злосторничкиот чин напаѓачот извршил самоубиство. Меѓу убиените е и сопственикот на компанијата. Грчката полиција соопшти дека осомничениот бил поранешен незадоволен работник во компанијата. Неговото тело е пронајдено покрај ловечка пушка, за која се верува дека ја користел во нападот. Полицијата соопшти дека убиецот неодамна добил отказ од фирмата „Јуропијан продакт кериерс“. Итната помош стигнала на лице место, во филијалата на Европската навигациска компанија. По инцидентот, како што пренесе „Ројтерс“, во објектот влегле антитерористички единици.

Треба да знаете
Последни објави