Search

Манолева: Петрова од ВМРО-ДПМНЕ блокира вработување на 1117 лица во јавното здравство, клучни за напредокот на здравството

„Овие лица се клучни за напредокот на нашето здравство, особено со големиот број на универзитетски кадри и големи општи болници и здравствени домови. За овие работи мора да бидеме совесни, да го ставиме здравјето на граѓаните пред сè друго, мораме да ги заштитиме нашите доктори, здравствени работници и пациенти, без притоа да дозволиме да бидат дел од политичките игри што носат штета за општото добро на сите граѓани во Република Северна Македонија“ рече заменик министерката за здравство Маја Манолева.

Таа додаде дека овие вработувања се и една од мерките како да се задржи младиот и стручниот кадар во Северна Македонија.

„Ваков тип на блокади досега немало и не смее ова да стане политичка пракса затоа што унапредувањето на здравствениот систем во земјава не смее да зависи од несовесното однесување на поединци. Нашите доктори докажаа дека тука можат да изведуваат софистицирани интервенции, од најсложени операции до трансплантации коишто во минатото ги немало“ рече Манолева.

Заменик министерката истакна дека покрај овие 1117 лица, од јавно-здравствените установи веќе е побарано до Министерството за финансии да одобри дополнителни вработувања на неопределено време, со што би се искористил потенцијалот за вработување на нови здравствени работници (доктори, медицински сестри…) и помошно технички персонал.

„Никој, посебно не функционери во извршната власт, не смеат да играат со судбината на 1,117 млади здравствени работници и да претставуваат главна пречка во работата на здравствените установи“ рече Манолева.

Треба да знаете
Последни објави