Search

Косово не планира да ја поништи одлуката за забрана на динарот

Косовскиот премиер Албин Курти истакна дека неговата влада нема да се меша во одлуката на Централната банка на Косово (ЦБК) за забрана на динарот, но дека одлуката нема да биде поништена.

Курти за британскиот медиум „Блумберг“ изјавил дека се залага за новата регулатива на Централната банка на Косово за постапување со готовина, јавуваат приштинските медиуми.

Тој додал дека Србите ќе имаат време да се прилагодат на новата одлука.

„Не можам да ја поништам оваа одлука. Нема да имаме никакви казнени мерки, не сакаме никого да казниме“, подвлече тој.

Треба да знаете
Последни објави