Search

Ибрахим: Зошто напаѓачот на лекар во Радовиш се уште не е приведен?

Лекар во Итната медицинска помош во Радовиш, пријавил дека сабота околу 19 часот во просториите на Здравствен дом, додека бил на работното место, бил физички нападнат од Томе Даневски поранешен пратеник од Радовиш, вели пратеникот од ТХП, Енес Ибрахим во изјава за 24инфо.мк.

„По пријавувањето полицијта не превземала ништо конкретно. Имаме сомнеж дека некој го штити поранешниот пратеник. Бидејќи лекар на работно време доколку биде нападнат мора веднаш да биде приведен. според законот, треба да следи казна од 1-10 години затвор за нанесување тешка телесна повреда на здравствен работник. Ние како ТХП јавно ги повикуваме надлежните органи да се изјаснат кои мерки се преземени по физичкиот напад на лекарот додека си ја вршел својата работа? Зошто сторителот не е притворен? Дали повторно се враќаме во темните периоди кога припадниците на турската заедница беа мета на секакви напади и неправди?“ рече Ибрахим во изјавата.

Инаку, пратеникот уште синоќа објави дека лекар во Радовиш бил нападнат на своето работно место и обвини дека некој го штити напаѓачот.

Треба да знаете
Последни објави