Search

Возачките дозволи со старото име да важат до крајот на 2024 година, усвоена потребата од измени на Законот

Со 89 гласа ЗА, пратениците ја изгласаа потребата од измени во Законот за безбедност на сообраќајот.

Предлог измените се однесуваат на пролонгирање на важноста на возачките дозволи со старото име односно тие во домашниот промет да важат до крајот на 2024 година.

Овој закон сега треба да го помине филтерот на комисииите па да се врати на пленарна седница, по што се очекува попладнево да биде и усвоен.

Треба да знаете
Последни објави