Search

(Видео) Србите во Косово бараат Приштина да овозможи динарски исплати на пензиите од Белград

Во северниот дел на Косовска Митровица, Србите протестираа и побараа од косовските власти да овозможат исплата на пензиите и другите надоместоци во динари. Беше оценето дека одлуката на Централната банка на Косово (ЦБК) со која тоа е невозможно е дискриминаторска и политички мотивирана.

Граѓаните, на покана на Здружението на обединети пензионери, го исполнија централниот дел на Митровица, а голем дел од нив носеа српски знамиња и транспаренти со кои се осудува одлуката на косовските власти за финансиски трансакции, која стапи на сила на 1 февруари.

Српски знамиња се истакнати и на околните згради, а говорниците се на почетокот на протестот

Треба да знаете
Последни објави