Search

Битола очекува спектакуларна завршница за трофејот „Благоја Георгиевски – Буштур“

По пауза од 17 години, спортска во Битола, „Боро Чурлевски“ ќе биде мегданот на завршниот турнир од Купот на Македонија (15-17 февруари). За трофејот „Благоја Георгиевски – Буштур“ ќе се борат осум екипи. Бранител на титулата е МЗТ Скопје. Домаќинот на завршниот турнир Пелистер денеска организираше прес-конференција на која присуствуваа претставници на екипите учесници, пред чиј почеток МЗТ Скопје го доби големиот преоден пехар во трајна сопственост. Аеродромци веруваат во своите сили и најавуваат освојување по 12. на ова натпреварување. Бранителот на трофејот и фаворит на оваа завршница МЗТ Скопје на патот кон оставрување на целта за прв противник ќе го има Гостивар кој е предводен од искусниот и трофеен македонски стратег, некогашниот селектор Јорданчо Давитков. Чаир за противник ќе го има Еуро Никел, а Работнички битката за освојување на 11. трофеј и израмнување со најтрофејниот во ова натпреварување, градскиот ривал, ќе треба во четвртфиналето да го совлада ТФТ. Домаќинот Пелистер завршницата ќе ја почне со пресметка против Феникс.

Треба да знаете
Последни објави