Search

ЈП Водовод и канализација: Градот Скопје редовно ќе се снабдува со вода, без никаков прекин

ЈП Водовод и канализација ги демантираше наводите дека во текот на денешниот ден Скопје целосно ќе остане без водоснабдување соопштувајќи дека Градот Скопје редовно ќе се снабдува со вода, без никаков прекин во снабдувањето.

„За жал, на социјалните мрежи од страна на неовластени лица беа објавени и ширени неточни и непроверени информации, при што против овие лица јавното претпријатие Водовод и канализација ќе превземе соодветни чекори за утврдување на одговорност поради обид да создадат несигурност кај граѓаните на градот Скопје.“, се наведува во соопштението на ЈП Водовод и канализација

Од таму сооптија дека во текот на денешниот ден сите населени места во Градот Скопје ќе бидат целосно и редовно снабдени со вода за пиење.

Треба да знаете
Последни објави