Search

Фото: Автобус на ЈСП удри во патнички автомобил, блокиран сообраќајот кај „Чаирчанка“

Сообраќајна несреќа се случи пред малку на улицата „Цветан Димов“ во близина на трговскиот центар Чаирчанка во скопски Чаир.

Автобус на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје кој сообраќа на линијата 57 удрил во патничко возило марка „Пежо“ а од ударот оштетена е и заштитната ограда од тротоарот.

Сообраќајот во овој дел од градот е парализиран, а за сега нема информации за повредени лица.

Треба да знаете
Последни објави