Search

Новопоставени началници во МВР на своја рака се обиделе да ги отворат телефоните што како докази се одземени од лицата уапсени во акцијата во Грчец?

24инфо.мк дојде до информации од Министерството за внатрешни работи околу наводен упад во базата на докази во полицијата.

Како што информира нашиот извор од МВР, новопоставени началници од страна на техничкиот министер на МВР Панче Тошковски, вон процедура и на своја рака се обидувале да ги отворат телефоните на уапсените и осомничени лица од акцијата во селото Грчец со цел да читаат пораки на апликацијата Скај, но сепак не успеале.

За да се изврши увид во доказен материјал постои посебен протокол, кој строго го ограничува бројот на лица кои имаат овластувања за такво нешто, па увидот вон протокол може да се толкува и како упад или попречување на истрагата, вели нашиот извор.

Според него, ваквиот потег на одредени началници е пријавено во надлежното Јавно обвинителство.

24инфо.мк испрати прашања до Јавното обвинителство дали кај нив е пријевен ваков случај, но до сега оттаму одговор не добивме.

Инаку сличен ваков случај имаше и во Црна Гора и тогаш беше уапсен помошник директор на Единицата за организиран криминал а санкции имало и од ЕУРОПОЛ.

Треба да знаете
Последни објави