Search

Кралот Чарлс за прв пат се појави во јавноста по дијгнозата на рак, ја посети црква во Сандрингем

Британскиот крал Чарлс Трети денеска посети црква во Сандрингем, Норфолк, Англија, што е негово прво појавување во јавноста откако Бакингемската палата објави дека му бил дијагностициран рак.

Жителите на селото го виделе кралот додека одел кон црквата Света Марија Магдалена во Сандрингам, објавиј британските медиуми.

Кралот, облечен во кафено палто и со чадор, мавташе додека тој и неговата сопруга Камила пристигнуваа во црквата.

Тој во саботата и се заблагодари на јавноста за „поддршката и добрите желби“ откако беше објавено дека боледува од рак. Кралот Чарлс рече дека сите заболени од рак знаат дека таквите желби се „најголема утеха и охрабрување“.

Палатата во понеделникот објави дека на Чарлс (75) му бил дијагностициран облик на рак, по помалку од 18 месеци од неговото владеење.

Чарлс престојува во имотот Сандрингем во Норфолк за време на неговото лекување и во меѓувреме му предаде некои јавни должности на својот син принцот Вилијам, но ќе продолжи да се справува со официјалната документација.

Веста за неговата дијагноза доаѓа откако Чарлс минатиот месец помина три ноќи во болница каде беше подложен на корективна процедура за зголемена простата.

Треба да знаете
Последни објави