Search

Грчката полиција уапси четири лица поврзани со тероризам

Грчката полиција уапси четири лица за поседување оружје и експлозиви, меѓу кои и поранешниот водач на терористичката организација „Заговор на огнени ќелии“ и познат анархист, како и двајца членови на подводна диверзантска единица, јави грчката јавна телевизија ЕРТ.

Грчката полиција соопшти дека при претрес на куќите на уапсените пронајдени се експлозиви, запалки, гранати и патрони, меѓу кои два блока ТНТ, четири фитили, граната, пиштол со чаури, 281 патрона различен калибар, панцири, пет ножеви…

„Едно од уапсените лица претходно беше гонет за учество во терористичка организација, а другите – за предизвикување тешка телесна повреда, кршење на законот за оружје, како и законот за спорт (поседување факел), допинг и насилство“, се вели во соопштението на полицијата.

Грчкиот ТВ канал објави дека меѓу уапсените е и поранешниот лидер на „Заговор на огнените ќелии“.

„Осуден е на 76 години затвор за учество и активности во таа организација, а во 2019 година по осум години затвор беше условно пуштен на слобода“, пренесе ЕРТ.

Грчката полиција наведува дека по ослободувањето имал криминални контакти и врски со членови на мафијата.

Тој наводно бил поврзан со маж со прекар „Рамбо“, кој беше убиен минатата година во Коридалос.

Меѓу уапсените има и двајца членови на диверзантскиот вод на морнарицата, на возраст од 33 и 32 години, а третиот е брат близнак на 32-годишен војник кој работи како рецепционер во ноќен клуб.

Апсењата се случија една недела по експлозијата на бомба во близина на Министерството за труд во центарот на Атина. Од експлозијата се искршило стакло на пет ката од зградата.

Анархистичка терористичка организација „Заговор на огнени ќелии“ дејствуваше неколку години и беше одговорна, меѓу другото, за испраќање на десетици пакет бомби до амбасадите во Атина и странски лидери, експлозии и подметнување пожари во грчката престолнина.

Членовите на организацијата ограбувале и банки „за да ја наполнат револуционерната каса“.

Пред неколку години, некои членови на организацијата и нејзиниот водач Никос Романос беа осудени за грабеж на банка и земање заложници, но сите беа пуштени на условна слобода.

Треба да знаете
Последни објави