Search

Анчелоти: Винисиус, Белингем и Родриго се најдобрите фудбалери во светот

Тренерот на Реал, Карло Анчелоти изјави дека фудбалерите на мадридскиот клуб Винисиус Јуниор, Џуд Белингам и Родриго во моментов се најдобрите играчи во светот, пренесуваат шпанските медиуми.

Синоќа Реал ја совлада Џирона со 4:0 во натпреварот од 24. коло на шпанската Ла Лига.

„Винисиус, Белингем и Родриго се тројцата најдобри играчи во светот во моментов, а потоа тука се Тони Крос, Федерико Валверде, Едуардо Камавинга…“, рече Анчелоти.

Новинарите го прашаа тренерот на Реал и дали напаѓачот на Пари Сен Жермен, Килијан Мбапе ќе ја продолжи кариерата во мадридскиот клуб.

„Зборувате за играчи од други клубови. Ќе зборувам исклучиво за моите играчи, бидејќи тие се најдобри во светот. Правам се за да го извлечам најдоброто од исклучително квалитетните играчи. Тие се клучот за се“, додаде тренерот на мадридскиот клуб.

Реал моментално е на првото место во поредокот во Ла Лига, со пет бода повеќе од второпласираната Џирона.

Анчелоти изјави дека Белингем се здобил со полесна повреда на натпреварот против Џирона и додаде дека се надева дека англискиот фудбалер ќе биде подготвен за вторник кога Реал го игра првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите со Лајпциг.

Треба да знаете
Последни објави