Search

Ердоган: Уапсен еден од напаѓачите на предизборниот митинг во Истанбул

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска соопшти дека е уапсен еден од напаѓачите кои отворија оган на митинг во рамки на изборната кампања за претстојните локални избори во Истанбул.

Ердоган го осуди нападот во саботата во кој беше тешко ранета една жена и ги пофали полицијата и обвинителството кои работат на апсење на другите осомничени.

Ердоган не ја прецизирал националноста или партиската припадност на напаѓачите, ниту мотивот за нападот. Нападот се случи додека Азиз Јениај, кандидат за градоначалник од Партијата на правдата и развојот (АКП), беше во посета на здружение, јави Анадолија.

Тешко ранета е 32-годишна жена, а напаѓачите побегнале со возило. Локалните избори во Турција ќе се одржат на 31 март. Владејачката АКП на Ердоган очекува повторно да заземе многу клучни градови и области што ги загуби откако ги освои опозициската Републиканска народна партија пред пет години, вклучително и најголемиот град во земјата, Истанбул, и главниот град Анкара.

Треба да знаете
Последни објави