Пијан полицаец со 15 куршуми убил сопственичка на кафуле во БиХ

Елвис Ќустендил, почицаец од Тузла е осомничен за убиството на Амра Кахримановиќ на 7 февруари 2024 година.

Ќустендил е осомничен дека откако Амра Кахримановиќ, косопственичка на ресторан во Трговскиот центар Сјењак во Тузла, дошла околу 21:00 часот да го затвори ресторанот и да ја напушти просторијата, тој одеднаш станал, ја следел жртвата во ходникот на трговскиот центар и од непосредна близина на подмолен начин испукал еден истрел во грбот на повредената.

Пукал, соопшти полицијата, со службен пиштол, со оглед на тоа дека убиецот е полицаец.

Откако ја застрелал во грб, додека жртвата лежела на подот, испукал уште петнаесет истрели во различни делови од телото и ја убил.

Набргу по настанот, осомничениот бил приведен од припадници на Единицата за поддршка на МВР ТК пред зградата во која живее во Тузла.

Треба да знаете
Последни објави