Search

Сигурдсон на чекор да ја преземе Хрватска

Исланѓанецот Дагур Сигурдсон даде отказ на местото селектор на јапонските ракометари, објави денеска јапонската ракометна Федерација, што ги подгреа шпекулациите дека стратегот е на чекор да седне на клупата на Хрватска.

Сигурдсон поднесе барање за раскин на договорот уште на 2 февруари, информирајќи ги своите јапонски работодавци дека планира да го преземе местото селектор на друга репрезентација пред почетокот на Олимписките игри ова лето во Париз.

Исландскиот стратег седна на клупата на Јапонија во 2017 година и со оваа азиска репрезентација обезбеди пласман на Светското првенство 2025, како и на Олимписките игри 2024.

Сигурдсон сега е прв кандидат за клупата на Хрватска, но се шпекулира дека би можел да ја преземе и репрезентацијата на Германија, чиј селектор веќе беше од 2014 до 2017 година, по што замина за Јапонија. 

Треба да знаете
Последни објави