Search

Катар ја одбрани титулата азиски фудбалски првак

Домаќинот на азискиот фудбалски Куп Катар ја одбрани континенталната титула, совладувајќи го вечерва пред своите гледачи Јордан со 3-1 во финалниот натпревар во Лусаил.

До својата втора азиска титула во историјата Катар дојде реализирајќи дури три пенали, а троен стрелец беше Акрим Афиф, биејќи прецизно од белата точка во 26 и 73 минута, како и во судиското продолжение (90+11).

Единствениот гол за Јордан го постигна Јазан Ал Најмат во 67 минута.

Со триумфот Катар ја одбрани азиската титула која прв пат ја освои на последното издание во 2019 година, кога во битката за трофејот ја совлада Јапонија. 

Треба да знаете
Последни објави