Search

Во Пакистан на парламентарните избори победа прогласи поранешниот премиер Наваз Шариф

Поранешниот премиер на Пакистан, Наваз Шариф, прогласи победа на парламентарните избори во земјата, велејќи дека неговата партија освоила најмногу гласови и дека ќе разговара за формирање коалициска влада.

Шариф не соопшти колку пратенички места освоила неговата партија, а пребројувањето на гласовите во последните неколку изборни единици се уште трае.

Последните официјални податоци објавени од Изборната комисија на Пакистан покажуваат дека неговата Пакистанска муслиманска лига освоила 42 места, што е многу помалку од потребните 133 места за формирање влада.

Шариф изјави дека неговите пратеници подоцна ќе се сретнат со другите политички партии за да разговараат за формирање коалициска влада.

Треба да знаете
Последни објави