Search

Бадемите помагаат при слабеење и намалување на крвниот притисок, но не треба да се јадат во големи количини

За да биде употребливоста на бадемите максимална и без негативни ефекти, мора да бидеме умерени во јадењето.

Бадемот е коскесто овошје, иако повеќето го класифицираат како јаткасти плодови. Спаѓа во омилените грицки, но и храна која е исклучително богата со витамини и минерали и како таква е здрава за консумирање, што подразбира умереност.

Бадемите се одличен извор на витамин Е и манган, еве што друго содржат:

Постојат два вида бадеми, слатки и горчливи. Горчливите не се погодни за јадење поради содржината на цијановодородна киселина која се неутрализира при понатамошна обработка, на пример во процесот на правење бадемово млеко. Слатките бадеми се одличен извор на протеини, здрави масти, минерали и витамини. На пример, 100 грама бадеми содржат дури 140 отсто од препорачаната дневна количина на манган, 75 отсто магнезиум, 60 отсто бакар, 50 отсто фосфор и 51 отсто рибофлавин (витамин Б2).

Во количина од 100 грама бадеми има 131 процент од дневната потребна количина на витамин Е, важен антиоксиданс. Бадемите се богати со растителни влакна и амино киселини, а има дури и флавоноиди во лушпата, односно мембраната на бадемот. Тоа е фитонутриент, кој кога се комбинира со витамин Е го удвојува неговото антиоксидантно дејство. Бадемите содржат и мононезаситени масни киселини.

Докторката и професорка по нутриционистичка наука Сара Бери открила дека бадемите се храна која сите можеме да ја грицкаме за да изгубиме тежина и да ја намалиме желбата за храна.

Имено, студијата спроведена на „Кингс колеџот“ во Лондон покажала дека водењето здрав начин на живот 18 недели резултирало со помал струк, намален крвен притисок и подобрени масти во крвта.

Така, д-р Бери открил дека консумацијата на бадеми играла многу важна улога во ова истражување.

– Здравиот оброк секогаш ќе ви биде добар, но резултатите од студијата покажуваат дека луѓето ги „поништуваат“ придобивките од хранливите оброци со јадење нездрави грицки како чипс и бисквити. Затоа, заменувањето на овие со поздрави грицки ќе му користи на нашиот организам – објасни таа.

Една шака бадеми содржат здрави влакна и маснотии, и иако се богати со масти, тие не се апсорбираат на ист начин како и другите намирници со висока содржина на масти.

Бери објасни дека истражувањата покажале дека при конзумирање на бадеми се излачуваат околу 30 отсто од калориите поради таканаречената структура на бадемите, па затоа се одлична ужина.

Треба да знаете
Последни објави