Search

Абас: Планот на Израел да го нападне Рафа има за цел да ги истера Палестинците од Газа

Кабинетот на палестинскиот претседател Махмуд Абас денеска соопшти дека планот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за воен напад на Рафа, најјужниот град во Појасот Газа, има за цел да ги протера Палестинците од нивната територија во енклавата.

Канцеларијата, која врши делумна самоуправа на Западниот Брег, додаде дека палестинската делегација ќе ги смета американската и израелската администрација одговорни за последиците од овој план.

Палестинското претседателство го повика Советот за безбедност на ОН да биде претпазлив, „бидејќи преземањето на овој чекор претставува закана за безбедноста и мирот во регионот и светот“, се наведува во соопштението.

Во Рафа во моментов има околу еден милион луѓе, од кои над 700.000 се внатрешно раселени Палестинци, кои, во услови на пренатрупаност, се соочуваат со ширење на заразни болести и ризик од глад.

Треба да знаете
Последни објави