Search

Камион кај Винковци завршил во детска соба !

Бизарна сообраќајна несреќа се случи во хрватска утрово, кога камион се заби во куќа, односно со целата кабина влезе во детска соба, во која во моментот имало 14-годишно девојче. Девојчето е пренесено во болница, каде му констатирале набиеници и исекотини на главата, по што е сошиено, но е без поголеми последици.  Како што раскажува таткото за хрватските медиуми, само што станал, пиел кафе кога му се јавила сопругата и го викнала затоа што покривот им паднал. Но, штом излегол видел дека камион им влегол во куќата.  Нивниот дом се наоѓа покрај пат во Мирковци кај Винковци, а како камионот изгубил контрола и се забил во нивната куќа, полицијата треба да истражи.  Шоферот е со повреди на носот, но на негова одговорност сака да биде пуштен од болница.

Треба да знаете
Последни објави