Search

Италијанска мафијашка група се обидува да го рекетира Гатузо

Италијанска мафијашка група позната под името „Ндрангета“ му создава главоболки на поранешниот легендарен фудбалер, а сега тренер, Џенаро Гатузо. Тренерот која има ангажман во Франција, каде го предводи тамошниот Олимпик Марсеј, преку неговото семејство е изложен на притисок во Италија од групата на калабириската мафија. Според италијански весник „Ил Месаџеро“, мафијата го рекетира Гатузо за да изнуди по 3.000 евра месечно, а за возврат да биде под нивна заштита. Гатузо познат како голем и бескомпромисен борац на фудбалските терени, не прифаќа уцени и притисоци, па размислува и семејството да го исели од Италија. Поради неприфаќањето на понудата за соработка, веќе на двапати е запален автомобил на неговата ќерка, во октомври и декември минатата година. Целиот случај е пријавен во полиција, а во истрагата за настанот се приведени две лица како што информираат тамошните власти.

Треба да знаете
Последни објави