Search

Ворнок: Не сум видел играч како Миовски во шкотската Премиер лига

Новиот тренер на шкотскиот фудбалски премиерлигаш Абердин, Нил Ворнок (76), синоќа дебитираше на клупата со пораз. На дебито Абердин загуби на „Ајброкс“ во Глазгов од Ренџерс со 2:1. Единствениот гол за Абердин го постигна Бојан Миовски, кој во минатото коло ја затресе мрежата на уште еден шкотски великан Селтик (1:1). Македонскиот фудбалски репрезентатавец Миовски игра во фанатстична форма, досега има постигнато 13 голови во Премиер лигата на Шкотска, седум од нив на последните осум натпревари. Миовски е втор стрелец во лигата со 13 погодоци на 23 мечеви. По натпреварот Ворнок на прес конференцијата не ги штедеше комплиментите за играта на Миовски. -Му реков дека во Премир лигата не сум видел играч како него. Драго мие што не беше продаден во зимскиот преоден рок. Сигурен сум дека сезонава ќе постигне 30 голови. Абердин ќе заработи многу кога ќе реши да го продаде, ги откри своите впечатоци искусниот Ворнок.

Треба да знаете
Последни објави