Search

Ванковска ќе биде претседателскиот кандидат на Левица

Политичката партија Левица денеска официјално го објави својот кандидат за претседателските избори 2024 година.

Станува збор за професорката Билјана Ванковска која според лидерот на Левица Апасиев била најдобар кандидат на анкетите на партијата.

Ванковска рече дека со задоволство ја прифатила понудата и истакна дека таа немала да биде како што кажа политичка манекенка која само би парадирала.

Треба да знаете
Последни објави