Крадец во САД ја одвлекол и сопственичката на автомобилот што го украл: жената сакала да го спречи инцидентот

Крадец во САД при кражба на автомобил ја одвлекол и сопственичката, која се обидела да го спречи инцидентот.

Кражбата се случила на бензинска пумпа во Бристол, Конектикат.

Полицијата објави снимки од надзорните камери од инцидентот и побара од јавноста да се јават доколку имаат информации за украдениот автомобил или за крадецот.

Таа додала дека сопственичката на автомобилот по инцидентот била пренесен во болница, каде и била укажана лекарска помош од гребаници на рацете, пишува „CT Insider“.

Поручникот Џефри Лунд вели дека полицијата трага по црн Dodge Charger со регистарска табличка од Масачусетс.

Треба да знаете
Последни објави