Search

(Видео) Нaјнов гаф на Бајден: Неодамна се сретнал со претседателот кој почина во 1996 година

Американскиот претседател Џо Бајден во својот завчерашен говор за предизборната кампања ги побрка францускиот претседател Емануел Макрон и поранешниот француски претседател Франсоа Митеран, кој почина во 1996 година.

Последниот гаф се случи за време на кампањата во Лас Вегас, каде Бајден раскажа анегдота за состанокот со лидерите на Г7 во јуни 2021 година, пишува Инденпендент.

81-годишниот претседател раскажа како на состанокот во Корнвол рекол дека Америка се враќа, што предизвика „реакција на Митеран од Германија“. Потоа се поправи: „Митеран од Германија… Мислам, од Франција…“.

Грешката е поправена на официјалната веб-страница на Белата куќа, во чие објавување е пречкртано презимето на Митеран и додаден е Макрон.

Треба да знаете
Последни објави