Search

Италија: Над 100 возила учествуваа во два верижни судири, 3 лица загинаа

Во две одвоени сообраќајни несреќи на автопатиштата во Италија денеска загинаа три лица, додека десетици се повредени, јавуваат локалните медиуми.

Околу 100 возила учествувале во верижен судар на автопатот А22 – едно лице загина, а 25 се повредени, јавува АНСА.

Во Бреша, на автопатот А21, во верижен судир учествувале 20-тина возила, а две лица загинале, а неколку лица се повредени.

Сообраќајот на двата автопати беше во прекин со часови, а се претпоставува дека причина за верижните судири е густата магла. Полицијата и пожарникарите се на терен и ги извлекуваат повредените од згмечените возила.

Треба да знаете
Последни објави