Search

ЦУК: Пожар на врвот на планината Жеден, се очекува да се изгасне поради ниските ноќни температури

На врвот на планината Жеден доцна попладнево избувнал пожар, јавува Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Оттаму велат дека поради непристапниот терен, скопската Противпожарна единица не можела да интервенира.

„Пожарот е околу врвот на планината Жеден, гори претежно трева и евентуално грмушки. Поради непристапниот терен скопската БППЗ не можеше да интервенира. Поради ниските температури има големи шанси пожарот да изгасне во текот на ноќта“ соопштија од ЦУК.

Од ЦУК информираат и дека доколку утре наутро сѐ уште има пожар на овој дел од Жеден, ќе ангажираат воздухоплови за гасење на огнот.

Треба да знаете
Последни објави