Search

Снегот во Токио предизвика хаос, 40 лица се повредени

Четириесет лица итно се префрлени во болница во Токио поради повреди здобиени поради обилни снежни врнежи и мраз, јави јапонската новинска агенција Кјодо, повикувајќи се на градската служба за итни случаи.

Повредените се на возраст од четири до 92 години, се вели во извештајот.

Повеќе од 10.000 домаќинства во Токио и префектурите Чиба, Саитама, Канагава и Јаманаши останаа без струја.

Претходно во текот на денот беа издадени предупредувања за врнежи од снег во 23 централни области на Токио и неколку области во префектурите Саитама, Јаманаши, Нагано, Точиги, Ибараки, Чиба и Канагава.

На аеродромот Ханеда во Токио поради снежни врнежи откажани се 102 лета. Сообраќајот на многу автопати во Токио е во прекин, а затворен е и познатиот мост Виножито.

Имаше и прекини во услугите на електричните возови, со откажани неколку меѓуградски експресни полетувања и доцнења од повеќе од 45 минути за возовите кон запад.

Снег се очекува да паѓа до полноќ по локално време.

Треба да знаете
Последни објави