Search

(ВИДЕО) Албанија: Пратеници од опозицијата го гаѓаа Еди Рама, тензично и пред парламентот

Инцидентите во албанскиот парламент продолжија, а денешната седница траеше само 20 минути. Медиумите јавуваат дека пратеници од опозицијата фрлале предмети кон премиерот Еди Рама, а во исто време се протестира пред зградата.

Според албанските медиуми, не можејќи да контролира кој е исклучен од седницата, а кој не, полицијата ги блокирала сите пратеници од опозицијата и ги спречила да влезат во Собранието.
Албаниан пост објави дека пратениците од опозицијата фрлале предмети кон премиерот Еди Рама.

Додека пратениците се обидуваа да влезат на седницата, стотина граѓани се собраа пред собраниската зграда, каде дојде до судир со полицијата.

Медиумите јавуваат дека полицијата подготвила цистерни со вода, кои се распоредени во случај на поголеми конфликти и потреба да се одговори со таканаречени водени топови.

Протестите на опозицијата се поврзуваат и со поранешниот албански премиер Сали Бериша, кој е во домашен притвор поради обвинувања за корупција. Пред неговата куќа се собраа и дел од учесниците на вечерашниот протест во Тирана.

Треба да знаете
Последни објави