Search

На Исланд му се заканува нова ерупција на вулкан

Наскоро може да се случи нова вулканска ерупција на Исланд, предупредија во петокот исландските власти.

Исландската метеоролошка служба Ведурстоф предупреди во петокот дека веројатноста за нова ерупција на полуостровот Рејкјанес е зголемена и може да се случи во следните две недели или дури за неколку дена.

Зацврстената лава го опкружува малиот исландски град Гриндавик во нова сателитска снимка, по неодамнешните вулкански ерупции, а фотографијата ја објави научниот портал Спејс.

Сателитските снимки направени на 27 јануари од мисијата Коперник Сентинел-2 на Европската вселенска агенција (ESA) покажуваат темни дамки од стврдната лава во близина на рибарското село Гриндавик на полуостровот Рејкјанес на Исланд.

Областите покриени со зацврстена лава се издвојуваат наспроти контрастот на свежо паднатиот бел снег, рекоа претставници на ЕСА во соопштението во кое ја опишуваат новата слика.

Вулканскиот систем Сварценги, кој се наоѓа на приближно 4 километри северно од Гриндавик, еруптираше на 18 декември и 14 јануари, предизвикувајќи излевање на лава и итна евакуација на градот.

Првата ерупција, која траеше до 21 декември, се случи во Сунднукагигар во серија кратери веднаш надвор од градот Гриндавик. Втората ерупција, која траела до 16 јануари, се случила во близина на планината Хагафел, која е многу поблиску до Гриндавик.

За првпат по речиси половина век, лавата уништи куќи.

Треба да знаете
Последни објави