Search

Израел бара од Русија да помогне во ослободувањето на заложниците

Израел верува дека Русија има способност и влијание да помогне во ослободувањето на заложниците кои сè уште се заробени од Хамас, изјави израелската амбасадорка во Русија, Симона Галперин.

-Израел апелира и бара помош и да ги преземе сите можни мерки и напори за ослободување на заложниците. Сметаме дека Русија има влијание и способност да вложи напори и успешно да ја реши задачата – рече амбасадорката на прес-конференцијата во Москва.

Таа побара од Хамас веднаш да обезбеди хуманитарен пристап за заложниците.

-Сите треба веднаш да бидат ослободени, но многу е важно да се обезбеди пристап до Црвениот крст за да можат да ги посетат заложниците, да ја проценат ситуацијата и доколку има потреба да пружат медицинска помош. Постоеше договор меѓу Израел, Египет, Катар и Франција за предавање на лекови според списокот што беше направен. Лековите се предадени пред речиси две недели, но нема информации дека стигнале до оние на кои им се потребни“, изјави Галперин.

Треба да знаете
Последни објави