Search

За амбасадорот на САД во Србија обесхрабрувачки е што правдата и одговорноста за убијците на Ќурувија се недостижни 25 години

Амбасадорот на САД во Србија, Кристофер Хил вечерва изјави дека е обесхрабрувачки што правдата и одговорноста за убијците на новинарот Славко Чурувија се недостижни и 25 години по злосторството. -Обесхрабрувачки е што правдата и одговорноста за убијците на Славко Чурувија се недофатливи и 25 години по неговото убиство. Тажен ден за новинарството“, напиша Хил на социјалната мрежа Х, пренесе Бета. Апелацискиот суд во Белград денеска ја објави пресудата со која се ослободија четворицата поранешни припадници на Службата за државна безбедност на Србија, обвинети за убиството на Ќурувија на 11 април 1999 година, со која беше укината првостепената пресуда на Вишиот суд во Белград.

Треба да знаете
Последни објави