Search

Хамилтон ќе се пресели во Ферари и ќе добива 70 милиони евра годишно

Седумкратниот светски шампион во Формула 1, Луис Хамилтон ќе ја извози оваа сезона за тимот на Мерцедес, по што ќе се пресели кај големиот ривал Ферари. Овој трансфер сè уште не е официјално потврден од екипите, но сите светски медиуми пишуваат дека Хамилтон се договорил за соработка со италијанската екипа. Хамилтон ќе вози на местото на Карлос Саинц, кој ќе замине од Ферари по крајот на оваа сезона, а Британецот ќе добие 70 милиони евра по сезона. Засега не е познато на колку години ќе биде потпишана соработката меѓу Ферари и Хамилтон.

Треба да знаете
Последни објави